Филмска кражба во Гостивар

Вчера попладне, центарот на Гостивар беше сцена на вистински филмски грабеж. Неколку вооружени и маскирани лица влегле во златара во близина на малиот пазар, од каде што однеле значителна количина злато и пари. Според првичните информации, нападот се случил околу 18:45 часот, по што напаѓачите побегнале со црн џип марка „БМВ“, без регистарски таблички.

Полицијата на терен, разбојниците оставиле бодликави жици

Разбојниците, за да го отежнат движењето на полициските екипи, фрлиле бодликави жици на неколку локации во центарот на Гостивар. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по добиената пријава веднаш биле испратени полициски екипи на лице место. Се преземаат сите потребни мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.

Интензивна потрага по вооружената група

СВР Тетово соопшти дека разбојништвото било пријавено од В.П. од Гостивар и дека станува збор за четири лица вооружени со автоматско оружје. Потрагата по нив сè уште трае, а полицијата собира докази и обезбедува снимки од безбедносните камери во околината.

Извор: Макфакс