Познат е идентитетот на Македонецот кој во четвртокот беше пронајден мртов на улица во Љубљана, Словенија.
Се работи за 39-годишниот Стојче Ѓоргиев од кочанското село Грдовци.

Неговото тело се очекува денеска да биде донесено во Грдовци, каде утре ќе биде извршен и погребот.

Неофицијално, словенечките медиуми објавија дека Ѓоргиев бил претепан до смрт од најмалку две лица. Според првичните информации, трагедијата се случила по физичка пресметка на улица.

Како што пренесува телевизијата ТВ Стар, Ѓоргиев во Словенија работел како градежен работник и живеел со својот брат.

Таму престојувал последните 17 години.

 

Извор: emagazin