-Кире Китаноски кој е човек на Оливер Лукарески, советникот на Оливер Спасовски, а на кој подреден му бил командирот на ОВР Прилеп на ден по изборите на 17 октомври до припадниците во групата, извршители на политички притисоци напишал “една битка е изгубена, ама војната не е изгубена”, “ние како постари стоиме зад вас за се што треба и понатаму”, “централната власт е наша”. Воедно во истата група припадник на МВР повикува за отворање на штаб на СДСМ. Имаме отворено сомневање дека истата структура на злосторничко здружување на партизирани полицајци е пресликана и во Битола, Радовиш, и Охрид. Еве ги деталите од новите сознанија:
Кире Китаноски кој е човек на Оливер Лукарески, советникот на Оливер Спасовски пишува,
– Добар ви ден дечки, ај како постар да ви кажам нешто, една битка е изгубена, ама војната не е изгубена, главата горе, бидете по мотивирани, покажете сплотеност меѓу вас, поголема дружба, соработка, сеуште сте на власт и ќе останите, локалната нема врска со вашите позиции, ние како постари стоиме зад вас за се што треба и понатаму, продолжете храбро, гордо и вчерашниот ден да ви биди поголем мотив, дадовте се од себе и јас лично сум горд на сите вас! Одиме понатаму!!!!, вели Ковачки.
Тој додава дека од оваа порака станува сосема јасно дека тој е директно надреден на групата, а тој му одговара само на Оливер Лукароски. Второ дека станува збор за свесно ставање на полицијата во партиски цели, и ветување за позиции во рамки на полицијата, што се гледа од делот каде вели дека нивните позиции остануваат и покрај смена на локалната власт.
-Трето Китаноски вели дека злосторничката група продолжува да функционира и по изборите и дека истата ќе продолжи со истите методи на делување, што се чита од делот дека битката е изгубена, а војната не. Во вториот допис испратен од Емилија Велковска, началник на НККР кој го објавуваме стои покана до полицајците за посета на промотивниот штаб на СДСМ – Денес во 18:00 часот е отворањето на централниот промотивен штаб на градскиот плоштад ( истиот од лани, до пицерија Уно ). Се гледаме во 18:00 часот. Го повикувам ЈО да не чека, да ги викне Кире Китаноски, шофер на Оливер Лукароски, Дарко Цуцулоски, командир на ОВР Прилеп, Емилија Велковска началник на НККР, Трајан Комиција – Командир, Стефан – гранична, Давор Паскоски – БПС, Мелита – ПС, Невенче – администратор, Коста Талески – ПС во дежурна, Венко Илиески – БПС, Валентин Димоски – БПС, Жарко Цуцулоски – БПС, Андреј Дукоски – БПС, Стефан Кучкарот – БПС, Борче Црнески – БПС, Ванеса Колашинац – Заменик командир на ОВР Прилеп, Анастас Паризо – БПС , Игор Божиноски – БПС, Марјан Мачорот – БПС, да земе изјави од сите нив, да ги земе нивните телефони и да изврши вештачење на истите. Тоа мора да биде направено веднаш. Во спротивно постои основано сомнение дека ваквата група може да продолжи со своите криминогени активности, вели Ковачки.
Тој истакнува и дека од досега објавеното гледаме дека оваа група била користена за разни активности против ВМРО-ДПМНЕ, против граѓаните, слободните избори и нормалното функционирање во изборен процес.
-Затоа Спасовски и Заев треба да кажат и дали зад нападот на новинарската екипа во Прилеп стои и е под закрилата на насилниците од злосторничката група полицијци на Заев и Спасовски? Вистината ќе излезе на виделина. Според наши сознанија, кои доаѓаат од терен, а се сведоштва на лица инволвирани во вакви активности, кои не сакаат повеќе да и служат на злосторничката група, вакви групи има и во Охрид, Битола и Радовиш. Јавно ги предупредуваме злосторничките групи од Охрид, Битола и Радовиш, да не се осмелуваат да шиканираат, малтретираат или тепаат граѓаните. Ве знаеме и сите до еден ќе одговарате за секоја нерегуларност и криминал, потенцира Ковачки.