Женската фудбалска репрезентација на Шпанија е новиот светски шампион откако во финалето во Сиднеј, Австралија, ја совлада Англија со 1:0.

Единствениот гол за Шпанија го реализираше Олга Кармона во 29 минута од средбата.

Шпанските фудбалерки можеа да слават и повисока победа, но Џенифер Хермозо не беше прецизна од пенал во 69 минута.

За првпат во нивната историја женските фудбалски репрезенатации на Англија и Шпанија играа финале на СП.

За Шпанија ова е прва светска титула, а потсетување дека Англија е актуелен европски шампион.

Во мечот за третото место на Мундијалот, селекцијата на Шведска со резултат 2:0 триумфираше над Австралија.