Машин Ган се обидува да ја бакне Меган, а таа ладно го одбегнува – неразделниот пар за првпат уловен на камера во непријатна ситуација на кавга. Фановите коментираат дека дошол крај на медениот месец. Што ли згрешил Машин Ган?
Во последните две години Меган Фокс (35) и Машин Ган Кели (31) се неразделни.
Речиси секогаш се појавуваат во модно усогласени изданија, не се одлепуваат еден од друг, јавно разменуваат нежности, но овојпат актерката сигурно не беше расположена.
Додека се подготвуваа да се фотографираат на црвениот тепих на Daily Front Row Awards 2022 во неделата, присутните го уловија моментот на камера како Машин Ган Кели се обидува да ја бакне актерката во врат, а таа го избегна.
„Што ти направи сега?“, „Некој е многу лут?“, „Да не се загледал во некоја помлада?“, „На повидок е раскинување?“, „На оваа врска ѝ се гледа крајот“, „Заврши периодот на меден месец“.
Ова се само дел од коментарите на фановите на славниот пар што имаа можност да го погледнат видеото.
Погледнете како Меган го избегна бакнежот на Машин Ган Кели:
View this post on Instagram
Сепак, на друго видео објавено на Твитер може да се види дека Меган му дозволи на Машин Ган Кели да ѝ ја бакне раката, а сепак се фотографираа заедно и на црвениот тепих, па можеби нештата не се толку лоши.
the kiss on the hand is so cute 💖@machinegunkelly x Megan Fox pic.twitter.com/muPiVhh39p
— Aguss (@agus_franco95) April 13, 2022
Инаку, за потсетување во јануари годинава Машин Ган Кели ја побара Меган Фокс за сопруга, а таа прифати.