Повеќе од 350 Македонци од дијаспората го бодреа Вардар во Касел
Ракометарите на Вардар остварија убедлива победа над бундеслигашот Мелсунген со 34:25 во последниот натпревар од групата и го освоија првото место, обезбедувајќи директен пласман во четвртфиналето од Европската лига. Комити и дијаспората во текот на целиот меч го бодреа клубот, а Вардар играше како дома. Според информациите, повеќе од 350 Македонци од дијаспората го бодреа Вардар во Касел.
Погледнете го видеото:
Избраниците на Иван Чупиќ одлично го отворија натпреварот и поведоа со 6:1, но домаќинот успеа да изедначи на 7:7. Сепак, „црвено-црните“ брзо се вратија со серија од 4:0 и на полувреме заминаа со предност од 17:12. На стартот од вториот дел Вардар поведе и со осум разлика (21:13) и ја задржа контролата до самиот крај. Вукашин Воркапиќ и Жоао Педро да Силва беа најефикасни кај вардарци со по шест погодоци. Во вториот натпревар од групата Кристијанстад ја совлада Бенфика со 30:22. Вардар ја заврши групната фаза со осум бодови и во четвртфиналето ќе игра против подобриот од дуелот Монпеље – Елверум.
