„Во моментот сега денес од Македонија се случува невидено иселување. Се случува невиден егзодус во историјата на Македонија“, истакнува Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Само во првото полугодие на оваа учебна година, како што појасни, испишани се 150 дена од училиштата во Штип и Кочани. Во Куманово, според Ѓорчев, заминати се во странство 180 деца, нивни семејства и нивни родители. Од Тетово, како што рече, заминати се над 200 ученици.

„Во Прилеп за само едно полугодие оваа година заминати се повеќе од 130 деца. Ова е тажно, ова се ужасни бројки, ова е поразително. Ова се новите деца бегалци во историјата на Македонија како резултат на катастрофалните политики на Зоран Заев, Таче Ковачевски и Стево Пендаровски. Македонија мора да најде сила да ги победи овие политики. Народот мора да ги победи овие политики кои што буквално и секојдневно ја убиваат Македонија“, потенцира тој.

Оценува дека Македонија мора да застане на нозе. Македонија, додава Ѓорчев, мора да води исправна политика и Македонија треба да си ги чува децата таму каде што им е местото.