„Денес одиме од село до село, од човек до човек во општина Валандово, затоа што има надеж за Македонија и затоа што живее Македонија. Поздрав до сите, до цела Македонија, и во татковината и во странство. Тука се луѓето, атмосферата е добра, и мотивот е навистина огромен. Мотивот е огромен затоа што незадоволството од Владата на Зоран Заев, од Владата на Таче Ковачевски, од Стево Пендаровски, Али Ахмети и Артан Груби е огромно“, истакна Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ при денешната теренска посета во рамките на акцијата „Ова е Македонија за сите“.
Ѓорчев додаде дека граѓаните сакаат да си ја земат судбината во своите раце.
„Заеднички одиме од место до место. Незадоволството поради економските причини, иселувањето и егзодусот е огромно. Затоа што Македонија има најголема инфлација, огромна скапотија. Затоа што луѓето одвај врзуваат крај со крај. Затоа што Македонија може и сака да биде подобро место за живеење“, порача Ѓорчев.
Тој рече дека е време да има Влада на ВМРО-ДПМНЕ и тоа предводена од Христијан Мицкоски.
„И само така Македонија може да застане на нозе и да е успешна земја во секое поле“-порача тој.