Утрово на Радио Лидер гостуваше членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев со кој зборувавме на повеќе актуелни политички теми. Една од нив е и албанскиот политички блок којшто беше интересен за комнетар по тековното приклучување во Владата на Алијанса на Албанците и напуштањето на Алтернатива.
Според поранешниот пратеник и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ следува раст на БЕСА, а пад на ДУИ и Алијанса на Албанците. Тој како пример ги наведува претходните избори во Тетово.
Една работа што помина под радар е вонредно славиот резултат на Алијанса за изборите во Тетово. БЕСА е силна и има градоначалник, а Алијанса во Тетово на тие избори од 33 советника не освоија ниту еден, вели Ѓорчев.
Влатко Ѓорчев ги коментира и ДУИ, а вели дека по толку години власт заради нивните лоши политики луѓето се иселуваат од државава.