365 дена на власта на Ковачевски и Ахмети се 365 дена скандали и афери. Онаму каде што застанаа со Заев, со уште посилно темпо продолжува Ковачевски. Да биде уште потрагично тандемот Ковачевски и Ахмети најавуваат дека ќе продолжат како и до сега да испорачуваат владеење полно со корупција, криминал и неуспеси. И оваа година скандалите се редеа како на филмска лента, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Во 2022 година изби аферата со државјанството на Онишченко, лице од црната листа на САД, со што Македонија беше посрамена на меѓународно ниво. Државјанството му го додели владата на Ковачевски, откако претходно АНБ предводена од Виктор Димовски дале позитивно мислење. Конкретно документот го издал лично Зарко Милошевски човекот кој Ковачевски и Зечевиќ го именуваат за нов директор на АНБ. Оваа власт вперува прст кон други за проруска ориeнтација, а тие самите даваат државјанства на проруски олигарси. Ковачевски најпрво го правдаше државјанството на овој контроверзен лик, за после политичката шлаканица од јавноста да го смени ставот за 180 степени. Но дека овој скандал не е случаен говори фактот што двајцата најодговорни, Димовски и Милошевски, оваа власт ги награди, едниот со амбасадорско место, другиот со унапредување.
Ова е само еден од бројните неуспеси на оваа влада на Ковачевски. Ја претворија Македонија во земја која проси храна, брашно, пченица, масло и што ли уште не. Го девалвираа образованието до ниво да нема учебници за учениците до крајот на првото полугодие, за после да доделат дел од книгите со огромен број грешки и нелогичности. Сето ова ги чини граѓаните многу пари. Дополнителен удар по џебот на граѓаните е и зголемувањето на цените на катастарските услуги кои поскапеа од 20 па се до 500%.
Оваа власт на Ковачевски потроши до сега рекорден буџет, а ништо не направи за народот. Нема нови болници, нема нови автопати, нема нови училишта.
СДС и ДУИ оваа година функционираат како до сега, а најавуваат дека и така ќе продолжат, со криминал, корупција, борба за личен интерес и бенефит, додека народот тоне во сиромаштија, а Македонија губи. Затоа потребни се промени и нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ која ќе донесе подобра иднина за сите, подвлекуваат од ВМРО-ДПМНЕ.