Реал Мадрид запиша убедлива победа од 4-1 против Елче и остана во трката за врвот во Ла Лига, намалувајќи ја разликата зад Барселона на само еден бод.

Натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“ мина во знакот на доминацијата на домашниот тим, но вечерта ја одбележа мајсторијата на младиот Арда Ѓулер, кој постигна спектакуларен погодок од 68 метри.

Неговиот потег веднаш стана главна тема во фудбалската јавност и веќе се споменува како еден од најубавите голови сезонава кој сигурно ќе влезе во конкуренција за наградата „Пушкаш“.