Голем пожар предмалку избувна во скопско Злокуќани, шест противпожарни екипи се обидуваат да го изгаснат огнот, пренесе Канал 5.
Неофицијално зафатени се неколку куќи, а шест екипи се обидуваат да го изгаснат огнот кој се издига високо над населбата.
На местото на пожарот има и екипа на брзата помош, но нема информации за евентуално повредени граѓани.
Гаснењето оди тешко поради тесните улички кои го отежнуваат пристапот до зафатените куќи со пожарот, пренесе телевизијата.
Видеото на Канал 5 погледнете го во продолжение
Извор: Курир