Пет лица се приведени во голема полициска акција
Полицијата со засилени контроли. Пет лица се приведени во голема полициска акција во валандовско. Во акцијата околу четири тони марихуана се запленети, а ваквата акција следува откако полицијата откри низа неправилности во капацитет за производство на канабис во Јосифово, во близина на Валандово.
1.400 килограми марихуана наместо преработен канабис
Според полицијата, при претресите било откриено дека наместо 1.400 килограми марихуана складирана во картонски кутии, имало отпад од преработен канабис. Дополнително, над еден и пол тон марихуана, која требало да биде уништена по претходно нарачана, била пронајдена складирана во магацините на компанијата. Понатаму, недостигала одредена количина марихуана, а околу половина тон бил неправилно складиран.
Во продолжение може да ги видите деталите преку видео:
Одземена дозвола
Обвинителството поднесе пет кривични пријави против сегашните и поранешните раководители и вработени, а на компанијата и е одземена дозволата за производство на марихуана.