Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави видео од реконструкцијата на првата фаза од булеварот „Македонија“.
-Интензивно и со јасна визија се работи на првата фаза од булевар „Македонија“, проект што го менува ликот на градот и ја отвора вратата кон модерно, функционално Скопје.
Со завршувањето на сите фази, скопјани за првпат ќе добијат подземна сообраќајница, решение што носи побрз проток, поголема безбедност и нов квалитет на урбаното живеење.
Продолжуваме со дела, одговорно и посветено, за наше Скопје, напиша на социјалните мрежи, Ѓорѓиевски.
