Посветеност и доверба на народот
Македонскиот народ знае да препознае и да награди кога некој работи искрено и посветено, изјави кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето во емисијата Стадион на Радио Канал 77. Тој зборуваше за своето искуство и резултатите од изминатите четири години како градоначалник на општина Кисела Вода, потенцирајќи дека целта му била да стане првиот реизбран градоначалник во историјата на оваа општина.
Реализирани ветувања и системска одговорност
„Сè што сум ветил во кампањата сум го реализирал, а често и двојно повеќе од предвиденото“, истакна Ѓорѓиевски. Според него, најголемиот проблем на градот Скопје лежи во немањето функционален систем, што резултира со нефункционалност на јавните претпријатија. „Кога нема систем – има проблем. Затоа јавните претпријатија се во колапс, а вината секогаш се префрла на некој трет“, додаде кандидатот.
План за чисто и уредено Скопје
Во емисијата, Ѓорѓиевски ги претстави и своите цели како иден градоначалник на главниот град. Тој повтори дека ќе го исполни ветувањето Скопје да биде целосно исчистено во рок од 72 часа по неговото стапување на функцијата. „Со 50 камиони, 30 машини за перење улици и околу 1000 работници, Скопје ќе блесне уште по првите 72 часа“, нагласи тој.
Разговорот со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, може да се проследи на линкот подолу.
