Премиерот Мицкоски утрово сподели снимка на неговиот Фејсбук профил од првиот пуштен дел на автопатот Кичево – Охрид. Тој, заедно со вицепремиерот и министер за транспорт на видеото направи увид во автотопатот и кажа уште колку има до негово целосно завршување.
Одлично изгледа ова. Навистина долго време граѓаните го чекаа. Практично од ова место од каде денеска го отворивме овој прв дел, делницата од Врбјани до Охрид, до Кичево има отприлика околу 20 километри, рече Мицкоски.
Николоски ги објасни деталите.
Од тука до Кичево е 20-ина километри. Од тунелите, оттаму веќе е завршен автопатот до Кичево остануваат 17 километри. Два километри се тунелите кои се скоро завршени и остануваат 15 километри од излезот на тунелите до Кичево, рече Николоски.
Николоски потврди дека има 16 косини кои се најголем проблем на автопатот. Мицкоски категорично го заврши ова видео со тоа дека нема да се жалат за проблеми, туку, како што вели тој: „Граѓаните нѐ избраа да решаваме проблеми“.
Погледнете го видеото.
Сите детали прочитајте ги на веста во продолжение.
(ФОТОГАЛЕРИЈА+ВИДЕО) Еве како изгледаат првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид