Во Република Кипар веднаш се испраќаат фрегатата „Кимон“, заедно со втора грчка фрегата со напреден анти-дрон систем, како и пар воени борбени авиони Ф-16

 

Во Република Кипар веднаш се испраќаат фрегатата „Кимон“, заедно со втора грчка фрегата со напреден анти-дрон систем, како и пар воени борбени авиони Ф-16, соопшти министерот за национална одбрана на Грција Никос Дендиас, јави дописничката на МИА од Атина.

Дендиас рече дека грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис имал телефонски разговор со кипарскиот претседател Никос Христодулидис, а лично тој во последните два дена е во постојана комуникација со неговиот кипарски колега, министерот за одбрана на Василис Палмас.

– По неиспровоцираните напади на територијата на Република Кипар, го уверив г. Палмас дека Грција во текот на целата актуелна криза ќе придонесува на секој можен начин во одбраната на Република Кипар, за да се справи со заканите и незаконските дејствија на нејзината територија. Согласно ова и врз основа на одлука на Владиниот совет за надворешна политика и одбрана (КИСЕА), веднаш се испраќа во Република Кипар фрегатата „Кимон“, заедно со втора грчка фрегата која ќе го носи системот „Кентаврос“, како и пар борбени авиони Ф-16, со цел да придонесат во нејзината одбрана од заканите со кои се соочува, рече Дендиас.

Тој додаде дека за подобра координација на активностите со Република Кипар, утре ќе замине заа Кипар, заедно со началникот на Генералштабот на националната одбрана.