Повеќе возила утрово се судриле на автопатот Штип-Миладиновци, поради што сообраќајот се одвива отежнато по една сообраќајна лента.
Според информациите објавени од „М-нет“, во несреќата учествувале најмалку пет автомобили. На местото на настанот се создала колона од возила.
Засега нема официјални информации за состојбата на возачите и патниците кои биле вклучени во сообраќајката.
Од снимките објавени на социјалните мрежи може да се забележи дека возилата се излизгале, а граѓани во коментарите посочуваат дека на коловозот имало голомразица, што најверојатно придонело за несреќата.
Од Министерството за внатрешни работи засега нема официјална потврда и повеќе детали за случајот.
Надлежните апелираат возачите да бидат внимателни и да ја прилагодат брзината на условите на патот.
