Навивачите на Ајнтрахт создадоа вистински хаос во центарот на Неапол во пресрет на вечерашниот реванш натпревар од Лигата на Шампионите, пренесува Екипа.мк.
Локалните италијански власти предизвикаа бес кај Германците со забраната за присуство на гостински навивачи на стадионот, за по загубениот судски спор санкциите да бидат лимитирани само за оние кои се жители или се родени во Франкфурт.
Неколку илјади германски фанови допатуваа во Неапол и попладнево предизвикаа хаос во центарот на градот, при што запалени беа неколку автобуси и едно полициско возило.
Барем засега атмосферата е мирна пред стадионот „Диего Марадона“, но не се исклучува можноста Германците пред почетокот на натпреварот (21 часот) хаосот да го преселат пред фудбалската арена во Неапол.