Цела Босна и Херцеговина синоќа излезе на улиците по големата победа над Италија на пенали и обезбедениот пласман на Светското првенство.
Прослави низ целата земја
Еуфоријата беше присутна во сите делови од земјата, а граѓаните славеа до раните утрински часови. Сараево, Тузла и Мостар беа меѓу градовите каде што атмосферата беше највжештена, со масовни собири и радост на секој чекор.
WHAT A NIGHT!🇧🇦 pic.twitter.com/mxGCcO5AWG
— Bosnian Football (@BosniaNTBall) April 1, 2026
Групна фаза на Мундијалот
Со пласманот на светската сцена, босанската репрезентација ќе се натпреварува во групната фаза против селекциите на Канада, Швајцарија и Катар.
Илјадници навивачи на улиците
Во главниот град Сараево, десетици илјади навивачи излегоа да ја пречекаат репрезентацијата, а според локалните медиуми, бројот на присутни достигнал и до 100.000 луѓе.
