Во албанскиот парламент ништо ново – повторно хаос и тензии. Демократските пратеници кои се приврзаници на Сали Бериша направија шоу, свиреа со свирчиња и имаа контроверзни транспаренти.

Крилото на партијата кое го поддржува Бериша кое го носи името „Обнова на ДП“ веќе три месеци е блокатор на работата на Собранието. Овој пат, правеа шоу од говорницата од каде ги извадија и транспарентите на кои пишуваше „Убијци на демократијата“.

На седницата присуствуваше и албанскиот премиер Еди Рама, а Линдита Никола (претседателката на Собранието) преиде на гласање на точките.

Во продолжение може да го погледнете видеото каде се гледа хаосот во собранието:

Под силниот звук на свирежите, претседателката на Собранието Линдита Никола директно отиде на гласање на точките од дневниот ред, а на седницата присуствуваше и премиерот Еди Рама.

Албана Вокши упати навреди кон актуелниот премиер и со транспарент на којшто пишуваше „Убиец на демократијата“ тргне кон него. За ова интервенираше и собраниското обезбедување.

Опоционерите најавија засилување на своите активности. Крилото „Обнова на ДП“ предводено од Сали Бериша е далеку побројно од она на Љуљзим Баша, кој патем е лидер на опозицискаата партија.