Новиот претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Христовски веќе започна работа со интензивно темпо, а веќе го организираше првиот настан по повод Меѓународниот ден на шумата кој се одржа под мотото #диши. Како што кажува Христовски, ако треба да го опише овој настан со неколку зборови тоа би биле „Прекрасни временски услови, весели луѓе и позитивна енергија“.

Неговиот став ви го пренесуваме во продолжение.

Прекрасни временски услови, весели луѓе и позитивна енергија.
Овие зборови би биле најсоодветни за опис на првиот настан на Градскиот комитет, кој се одржа под мотото #диши, а по повод Меѓународниот ден на шумата.
Настанот со свое присуство го поддржаа членови и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ, но и граѓани, активисти и здруженија до кои допре јавниот повик со искрени намери за заштита на животната средина, како и афирмација на убавините на Скопска Црна Гора и заложбите и проектите на Општината и градоначалникот Бобан Стефковски.
Голема благодарност до сите учесници и поддржувачи., напиша Христовски на својот Фејсбук профил.