Министерството за внатрешни работи информираше дека шалтерите за издавање лични документи ќе работат и денеска. Како што кажуваат од таму, истото работи од 8 до 16 часот, а граѓаните може да ги отидат да подигнат пасош, возачка или лична карта.
Но, издавањето лични документи и во сабота нема да го реши проблемот. Претходниот период можевме да бидеме сведоци на граѓани кои и по 12 часа чекање не успеваат да земат документи.
Неорганизираноста создава револт кај граѓаните. Вчера екипата на Радио Лидер објави како е да се чека за подигнување документи. Објавата и зборовите „Не буткајте, ја утепавте жената“ е само една од многуте страшни сцени кои може да се забележат во зградата на МРТВ.
Во продолжение споделуваме видео објавено на социјалите мрежи од „Боемот“ каде може да ја погледнете „голготата“ каде и по 6 часа чекање не успеал да земе лични документи:
View this post on Instagram
Освен Боемот, вакво видео со свое искуство објавија и од Види Вака:
View this post on Instagram