ВМРО – ДПМНЕ останува на ставот дека нема да прифати уставни измени! Ова го соопшти денеска на прес-конференција, портпаролот Стоилковски.
Условните оставките на министрите и именуваните функционери од ДУИ адресирани до премиерот Димитар Ковачевски како и најавите на првиот вицепремиер Артан Груби дека партијата е подготвена за доброто на земјата да се откаже и од премиер Албанец во последните 100 дена од мандатот, за опозициската партијата се само фолирања.
Според ВМРО-ДПМНЕ неопходни се неотповикливи оставки и од ДУИ и од СДСМ и земјава да оди на брзи предвремени парламентарни избори.
-Уставни измени со вакви фолирања нема да има, ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен. Ако сака Артан Груби веднаш нека си поднесе оставка, но проблем не е само ДУИ туку и СДС да поднесат оставки, ама неотповикливи, и да одиме на брзи предвремени парламентарни избори, бидејќи се друго е одолговлекување и играње играчки. Добро е што ДУИ по 20 години власт е подготвена да замине во опозиција од каде ќе може да одговараат за криминалот и да ја докажуваат својата невиност. Во однос на изјавата на Артан Груби мислам дека потешко им е на СДС отколку на ДУИ да ја прифатат идејата Артан Груби и де факто да не им биде премиер, возврати на денешната прес-конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО ДПМНЕ.