Навивачите на Шкендија со шовинистички скандирања – ги игнорираа повиците за фер-плеј

И покрај бројните предупредувања и апели за спортско и достоинствено однесување на трибините, навивачите на Шкендија испратија шовинистички пораки од Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. За време на натпреварот против Карабах, неколкупати одекнаа скандирања поврзани со „Илирида“ и „Голема Албанија“.

Погледнете го видеото во продолжение кое го објави СпортСпорт.

Само неколку дена по инцидентот во Куманово

Ваквите шовинистички скандирања во Скопје доаѓаат само неколку дена по навивачките инциденти на натпреварот Македонија – Романија во Куманово. Очекувањата сега се насочени кон Министерството за внатрешни работи, кое треба итно да преземе мерки за идентификација и санкционирање на националистичките испади на трибините.

Пораз за Шкендија на европската сцена

Натпреварот заврши со пораз на тетовскиот тим – Шкендија беше совладана со 0:1 од Карабах во првиот меч од квалификациите за Лигата на шампионите. Пресуден беше моментот од 18-та минута, кога по ВАР-интервенција беше досуден пенал за гостите, а Бајрамов сигурно го реализираше ударот. Пред околу 18.000 гледачи, Шкендија се бореше, но не успеа да ја затресе мрежата на противникот од Азербејџан.