Им влетал во соба со автомобил

На улица „Јордан Џурнов“ во Велес, вчеравечер, патничко возило „фолксваген“ со радовишки регистарски ознаки, удрило во ѕид од куќа, го пробило ѕидот и им влегло во соба на сопствениците, пренесува локалниот портал Дума.

Возачот бил без возачка дозвола

Возилото било управувано од млад возач кој немал возачка дозвола и бил во алкохолизирана сосотојба.

Погледнете го видеото:

Нема повредени членови на семејството, но причинета е голема материјална штета.

„На 23.07.2025 година, во 19:55 часот на улица „Јордан Џурнов“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Е.В.(23) од Радовиш. По преземени мерки, возачот и возилото биле пронајдени, при што било констатирано дека Е.В бил под дејство на алкохол, односно имал 1,92 промили алкохол во крвта, а возилото го управувал пред да се стекне со право на управување со моторно возило. Е.В. бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило,“ соопшти Сектор за внатрешни работи Велес.