Централната власт предводена од СДСМ веќе подолг период ги саботира општините предводени од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ неодобрувајќи им проекти.
Во програмата на парламентарните избори СДСМ имаше многу ветувања за Аеродром, а за жал, речиси цел мандат помина и СДСМ никако не помогна за Општина Аеродром, па и она што го ветија не го направија.
Градоначалникот Муцунски денеска потсети што ветувала СДСМ за Аеродром.
Да биде видливо за граѓаните на Аеродром: Проширување на патот Горно – Долно Лисиче. Изградба на детска градинка на Тодор Чангов, општинска зграда во Аеродром, гимназија во Општина Аеродром, образовен комплекс во Аеродром, дом на спортовите“, потенцира Муцунски.
Муцунски вели дека со сите сили и расположливи механизми, без никаква грижа на совест СДСМ ги кочат и опструираат капиталните и инфраструктурни инвестиции.
Ние имаме до 2025-та година да го реализираме тоа што сме го ветиле, но каде сте вие? Имате уште 4 месеци, заклучи Муцунски.