Веднаш по обраќањето на премиерот Димитар Ковачевски вечерва на „Преспа форумот“, се случи инцидент што беше забележан и на директниот пренос.
Поради силниот ветер видео бим падна врз модераторката Валбона Зенели.
Таа и публиката изреагираа испаничено, а дел од присутните на форумот истрчаа да помогнат.
Дебатата беше времено прекината.