Инцидент во Собранието, седницата беше приказната откако двајцата пратеници на Левица, Апасиев и Крмов го скршија компјутерот на заменик претседателот на Собранието, Горан Мисовски, а потоа се втурнаа кон него мавајќи го со хартиите од амандманите кои што Левица ги поднела за измени на деловникот.

Крмов потоа почнува да го крши компјутерскиот монитор и бара прекин на седницата.

Инцидентот следеше откако 87 пратеници не го прифатија барањето на Левица да се повлече деловникот од денешната расправа. Седницата ја прекина спикерот Талат Џафери.