Видливи резултати од акцијата на Владата, ЈПДП и министерството за транспорт
Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, вчера преку видео на својот фејсбук-профил ги прикажа тековните градежни активности на три клучни автопатски делници низ државата.
„Во следниве 5 минути погледнете како интензивно се работи“, напиша Николоски, наведувајќи ги делниците Прилеп–Битола, Тетово–Гостивар и Гостивар–Букојчани, при што последните две се дел од стратегискиот автопат Скопје–Струга–Охрид.
Владин фокус на инфраструктурата
Според Николоски, напорната работа на терен веќе дава резултати, благодарение на одличната координација помеѓу премиерот Христијан Мицкоски, Министерството за транспорт и врски, Јавното претпријатие за државни патишта и изведувачот „Бехтел и Енка“. Погледнете го видеото.
+
Николоски сподели снимка од напредокот на три автопатски делници
Во продолжение може да погледнете видео од 5 минути и сè е јасно – колку и како се гради сега во Македонија. Од видеото на Николоски може да се уверите во динамиката на изградбата на овие автопатски делници. Проектите се дел од пошироката стратегија за модернизација на патната инфраструктура и подобрување на поврзаноста во државата.
Пред само неколку дена, првиот човек на ЈПДП, Коце Трајановски сподели и фотографии од патот од Охрид до Свети Наум. По цели четири децении обновена е оваа делница. Останува патот од Кичево до Охрид кој во голема мера ќе биде пуштен ова лето.
За првпат по четири децении: Од Охрид до Свети Наум ќе се вози по нов пат