Инцидент се случи во трговскиот центар „Космос“ во Солун
Инцидент се случи во трговскиот центар „Космос“ во Солун, еден од моловите кои често ги посетуваат и голем број македонски граѓани, откако се урна дел од таванот на првиот кат.
Несреќата се случила во просторот каде што се наоѓаат ресторани и објекти за брза храна, во време кога во молот имало голем број посетители. Очевидци сведочат дека настанала паника, а луѓето забрзано се обидувале да се тргнат од местото на инцидентот.
Во несреќата е повредена 45-годишна жена, која се здобила со повреди на главата и вратот. Според грчките медиуми, таа била свесна и со возило на итната медицинска помош била пренесена во болницата „Папаниколау“.
На видеото снимено само неколку моменти по уривањето на таванот се гледа паднатата конструкција, вознемирени посетители кои се повлекуваат од просторот, како и група луѓе клекнати на земја кои ѝ укажуваат прва помош на повредената жена.
View this post on Instagram
