Мајмун скокна од дрвјата директно на маса во ресторан во Сутоморе, предизвикувајќи паника и бегство меѓу гостите, кои оставија сè зад себе. Необичниот инцидент се случил сред бел ден на црногорскиот брег, а видеото од настанот брзо се прошири на социјалните мрежи.
Снимката, направена од еден од сведоците, покажува како мајмунот ненадејно се спушта од гранките и слетува на маса преполна со храна. Гостите реагирале со изненаденост, а потоа избувнала вистинска паника, повеќемина избегале, оставајќи храна, пијалаци и лични работи.
„Мајмунот беше брз, едвај стигнавме да сфатиме што се случува. Луѓето скокаа од столчињата“, стои во еден од многуте коментари под објавеното видео.
Засега не е познато од каде точно дошло животното, ниту дали се работи за мајмун кој избегал од нечие домашно чување или циркус. Локалните власти не дале официјално соопштение за инцидентот.
Настанот отвори дебата за безбедноста на туристичките места, особено во делови каде што природата е блиску до угостителските објекти. Дел од коментарите повикаа на итна реакција на надлежните, за да се спречат слични инциденти во иднина.