Во кинеската покраина Гуиџоу денес беше пуштен во употреба мост кој веќе го држи светскиот рекорд како највисок на планетата. Структурата е изградена над Големиот кањон Хуиџијанг и се издига 625 метри над реката.

Мостот е долг 2.890 метри, а распонот меѓу главните столбови изнесува 1.420 метри. Со тоа не само што е највисок, туку претставува и инженерски рекорд во категоријата мостови со најголем распон во планински предели.

Изградбата траела три години, а завршувањето беше одбележано со свечена церемонија на која присуствуваа инженери, локални функционери и бројни набљудувачи.

Според споредбите, висината на новиот објект е двојно поголема од онаа на Ајфеловата кула во Париз. Со неговото отворање е урнат и претходниот рекорд што исто така го држеше мост во покраината Гуиџоу.