ИРГЦ тврди дека нападнал центар на Мосад во Тел Авив. Пожари и чад над Глилот и Херцлија.
Иранската револуционерна гарда со прецизен ракетен удар по израелски разузнавачки цели
Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) објави дека нејзините воздухопловни сили извршиле ракетен напад врз, како што наведуваат, центарот за планирање на терористички операции на израелската разузнавачка агенција Мосад во Тел Авив, предизвикувајќи пожар во објектот.
„Воздухопловните сили на ИРГЦ, и покрај присуството на најсовремените израелски одбранбени системи, го погодија центарот за планирање на терористичките операции на Мосад во Тел Авив – овој центар моментално гори“, стои во официјалното соопштение што го пренесува иранската новинска агенција ИРНА.
Погледнете го видеото.
🇮🇷 BREAKING: Major Damage Reported in Israel After Iranian Strikes — Mossad HQ Possibly Hit
Early reports indicate that today’s wave of Iranian missile and drone strikes caused significant damage in multiple Israeli locations.
Unconfirmed but widely circulating claims suggest… pic.twitter.com/rIruDSolNf
— DD Geopolitics (@DD_Geopolitics) June 17, 2025
Напад и врз воената разузнавачка служба Аман
Според Танјуг, освен Мосад, удар бил насочен и кон седиштето на израелската воена разузнавачка служба Аман. Иранските и израелските медиуми јавуваат дека целта биле зградата на Мосад и озлогласената Единица 8200. Таа се смета за центар за кибершпионажа.
Снимките кои кружат на социјалните мрежи го прикажуваат моментот кога ракета удира во објект во областа Глилот, на северот од Тел Авив, каде што се наоѓаат клучните разузнавачки објекти. По нападот, се појавија густи облаци од чад над Херцлија и околината, што укажува на сериозни последици.
Одмазда за израелската агресија
ИРГЦ наведува дека нападот е дел од одмаздата за „континуираната израелска агресија“ и „кршењето на суверенитетот на други држави“, како што го дефинира Техеран. Агенцијата Тасним објави и видео за кое тврди дека го прикажува моментот на ракетниот удар врз објект поврзан со Мосад.