Прес-конференција на градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски:
„Општина Гази Баба во изминатите четири години го бележи својот најголем историски развој. За тоа говорат реализираните 670 проекти.
Асфалтиравме и поплочивме 170 локални улици.
Изградивме 32 километри нова мрежа на фекална канализација во населените места Црешево, Смилковци, Страчинци, Гоце Делчев, Јурумлери и Трубарево, Чукур Маало.
Изградивме две спортски сали во Булачани и Стајковци, а во моментот ја градиме третата сала во Црешево.
По долги години образовен процес во старите и дотраени бараки, градиме нова училишна зграда за ООУ „Крсте Мисирков“ во Ченто.
Доделуваме бесплатни училишни униформи за сите 6800 ученици.
Градиме и две нови детски градинки во Трубарево и Инџиково, а наскоро од денес ќе започне градба и на уште две градинки во Сингелиќ и помеѓу Маџари и Керамидница.
Во завршна фаза е комплетната реконструкција на Домот на културата „11 Октомври“ во Ченто и наскоро ќе имаме објект кој ќе претставува центар на културата во Општина Гази Баба.
Инвестираме и во спортот како никогаш досега. Изградивме 4 спортски центри во Стајковци, Инџиково, Идризово и Хиподром, 35 спортски терени на подлога од тартан, 6 спортски терени на подлога од вештачка трева и 5 фитнес зони на отворено.
Не ја заборавивме ниту животната средина. Воведовме мерки за субвенционирање на граѓаните за набавка на инвертер клима уреди, печки на пелети, чистење на оџаци, набавка на велосипеди и тротинети, за вградување на уреди на течен нафетен гас во возилата и за сончеви колектори.
Едноставно инвестиравме во сите области од општественото живеење.
Имаме план и визија, енергија и сила за продолжување на развојот на општината.
Најважно од се е што ја имаме поддршката од граѓаните!
Гази Баба повеќе не запира!
Следуваат години на силен развој!“
Преземено од Курир