Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Билјана Ивановска вечерва во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ21 истакна дека ги истражуваат ваучерите во спортот поради високи ризици од корупција.
Според неа, спортот е ставен со ризици од висока корупција, особено во делот на финансирањето.
„Распределбата на ваучерите каде што станува каде станува збор за високи износи, некаде околу 10 милиони евра. Износ кој што, во историјата на нашата држава, е највисок досега“, вели Ивановска.
„Направен е директен упат во Законот, променет е Законот за тоа кој да биде член на таа централна комисија за разлика од претходното решение кога директорот треба да ја формира таа комисија од стручни лица од фелата, сега е на предлог на Владата и ние тука видовме директно политичко прашање во поделбата на средствата“, вели Ивановска.
Според неа, наишле на високи ризици од корупција затоа што распределбата на ваучерите треба да се одвива на еден демократски, транспарентен начин.
Целата изјава во продолжение: