Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, нa својот фејсбук профил објави видео од пробивање на 14-от тунел на железничката делница Бељаковце-Крива Паланка која е во изградба. Овој тунел е дел од значајниот инфраструктурен проект.
Добро е кога на крајот од тунелот ќе се појави светло. Рано изутринава го пробивме претпоследниот од вкупно 15 тунели на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка. Тунелите се важен сегмент за железничкиот развој. Ова е вториот дел од градбата на пругата кон Бугарија, напиша Ивановски.
Градбата на оваа траса, нагласи, изобилува со предизвици, а еден од поголемите се пробивањето и градбата на тунелите. Тунелите претставуваат комплексен предизвик.
-Прогресот на градбата на целиот проект не е на посакуваното ниво, но би го пофалил изведувачот за нивниот успех во градбата на тунелите. Верувам дека и во другите сегменти од градбата за многу скоро од денес ќе почнат да бележат успех, порача Ивановски на фејсбук.
