Изгаснат е пожарот во комплексот „Манастир“ во Берово. Причинета е голема материјална штета.
Пожарот избувнал најверојатно од грилот од скарата. Интервенирано е со 15 пожарникари и 4 противпожарни возила, а дополнително е побарана помош во пожарникари и возила од ТППЕ Виница, Кочани Струмица и Доброволно друштво Пехчево. Пожарот е локализиран дел од летната тераса е зафатен не е дозволено пожарот да се префрли на собите, има голема материјална штета, но не е дозволено пожарот да се префрли на хотелот, информираше командирот на ТППЕ Берово, Сашко Руменовски.
На терен освен екипите на ТППЕ Берово се и ТППЕ Кочани, ТППЕ Делчево и ТППЕ Виница, како и ТППЕ Струмица