Според информациите на ТППЕ Струмица, во 23:30 часот синоќа, изгорел автомобил на патот Струмица-Дабиле.
Во гасењето на запалениот автомобил учествувале едно противпожарно возило и пет пожарникари, кои кога пристигнале на местото, пожарот веќе бил разгорен, но пожарот за кратко време бил локализиран и изгаснат, а причинета е голема материјална штета.