Синоќа сообраќајот на автопатот Куманово–Скопје беше во прекин поради тешка сообраќајна незгода, при судир на автомобил со камион. Инцидентот се случил на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром.
-На патниот правец Куманово – Скопје кај клучката Хиподром воведена е девијација поради случена сообраќајна незгода, откако ноќеска во несреќа се запалија камион и автомобил што предизвика застој во сообраќајот, утрово информира АМСМ.
Според информациите, утрово изгорените возила уште се на патот, а полицијата го регулира сообраќајот. Нема детали за состојбата на возачите или евентуалните патници.
