Жесток воздушен одговор на израелската војска
Израел утринава започнаа серија масовни воздушни напади врз ирански воени цели во главниот град Техеран, објави израелската армија. Според телевизијата Ал Џезира, најмалку три силни експлозии биле забележани во северниот дел на иранската престолнина.
Медиумите пренесуваат дека во нападот, меѓу другото, била погодена и болница, наводно со мал дрон. Видеа објавени на интернет покажуваат густ облак од чад што се издига над неколку делови од Техеран, а локалните извештаи велат дека напади имало и во други ирански градови.
NOW: Tehran. pic.twitter.com/4DUF3jDwkF
— Clash Report (@clashreport) June 23, 2025
Напад врз телевизијата и порака од Израел
Медиумската платформа Clach Report извести дека зградата на иранската државна телевизија била погодена, што резултирало со прекин на живиот пренос. Иранската агенција Нурњуз потврди дека една од целите била област во близина на Црвената полумесечина, што дополнително ја засилува напнатоста околу можните цивилни жртви.
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, даде изјава во која ја објасни мотивацијата за нападите:
„Израелските одбранбени сили во моментов напаѓаат цели на режимот и репресивни владини сили во срцето на Техеран со досега невиден интензитет“, рече Кац.
„Израел ќе биде казнет со соодветен одговор“
„Секој проектил испукан кон Израел ќе биде казнет со соодветен одговор. Нападите ќе продолжат со полна сила“, нагласи тој.
Иран го започна конфликтот со ракетен напад
Нападот на Израел уследи откако Иран рано утринава лансираше неколку балистички ракети кон израелски градови, при што израелската армија соопшти дека се работи за „шест или седум“ ракети. Една од нив погодила електрана во јужниот дел на Израел, што предизвикало прекини на електрична енергија во неколку градови.
Се отвораат нови прашања. Дали следува целосна војна?
Сирените за тревога биле повторно активирани во неколку израелски региони, по кратка пауза од ракетниот оган.
Извор: Независен