Терените кои се изградени со самопридонес ќе добијат нови рефлектори, ќе бидат обновени оградите и секаде ќе биде поставена вештачка трева.

Сите спортски терени во општина Карпош што се изградени со самопридонес ќе бидат целосно реконструирани. Ќе бидат обновени оградите, ќе бидат заменети рефлекторите и секаде ќе биде поставена вештачка трева. Конкретно ова игралиште овде во Нерези исто така ќе биде реконструирано. Ќе биде изнивелирано по пропис, проширено, поставена вештачка трева, ќе ја поправиме оградата, а во исто време и детското игралиште кое е во близина, а кое во моментот изгледа мизерно, ќе го обновиме за да можат да го користат децата во овој дел од Нерези – рече Јакимовски.