„ВМРО е поголемо од сите нас. Раководството на ВМРО-ДПМНЕ има цврста недвосмислена поддршка од целото членство. Се обврзавме дека ќе ги штитиме интересите на Македонија“, вели утрово на Радио Лидер пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски.

Се соочуваме со Влада која што е потопена во корупција, која ги разградува институциите, влада на национални штетници – трговци кои не се двоумат по што ќе посегнат само за ден повеќе на власт. Секој ден има нов сомнителен тендер полн со корупција, започнува Јаревски. 

Тој потенцира дека имаме влада без идеологија и без принципи, а околу преписките меѓу Никола Груевски и Христијан Мицкоски и тековните турбуленции на политичките сцена, Јаревски е категоричен дека идејата на ВМРО ќе опстои и напоменува дека вакви ситуации имало и од порано.

ВМРО е многу поголемо од нашата маленкост, ВМРО е силата и поддршката на идејата. ВМРО ќе опстои за тоа што се залага. Груевски го спомнуваме сега неколку пати. Па ние шест години имаме пример каде дел од владејачкото мнозинство е првиот лидер на ВМРО, Љубчо Георгиевски. ВМРО е многу поголемо и тоа е идеја. Ќе опстоиме. Ние, членовите и симпатизерите на ВМРО многу добро знаеме. Сме имале многу вакви ситуации претходно. Кога поминавме голем процес на реформи не беше лесно, но расчистивме. Најдовме одговори и решенија и најдовме како да бидеме подобри и посилно, дециден е Јаревски.

Тој тврди дека нема да има ситуација каде ваквите конфликти ќе направат атмосфера за уставни измени и алудира на тоа дека нема ниту еден пратеник да гласа за уставни измени давајќи целосно поддршка за раководството.

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ има цврста недвосмислена поддршка од целото членство. Се обврзавме дека ќе ги штитиме интересите на Македонија.

Тој за крај повтори уште еднаш дека „ВМРО е поголемо од сите нас“.