Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски оствари вечерна обиколка низ главниот град, оценувајќи дека Скопје конечно добива изглед кој му доликува на модерна метропола. Ѓорѓиевски преку објава на социјалните мрежи истакна дека улиците, плоштадите и јавните простори се чисти и исполнети со посетители, за разлика од, како што рече, „лошата слика на која граѓаните беа навикнати“.

Премиерот Мицкоски објави видео од прошетката.