Жена ми е барем убава, а ти си ружна!, ова обраќање на премиерот Димитар Ковачевски е скандалозно и надвор од памет!, реагира активистката за женски права, Ирена Ристиќ. Во изјава за Алфа вели дека одвај чека да види со што ќе излезат институциите и како ќе реагираат за однесувањето на премиерот.
Мислам дека зборовите со кои се обратил премиерот се недозволиви. Не смее никој да си дозволи такво нешто, тоа е надвор од паметот, а особено што е кажано во законодавниот дом. Тоа е луксуз што си го дозволил премиерот, на тој начин да и се обрати на една жена. Скандалозно, одвај чекам да видам како ќе реагираат институциите, вели Ирена РИстиќ активистка за човекови права.
Додека социјалните мрежи вријат со критики после навредливите зборови на премиерот, невкладините организации кои се борат за човековите права засега молчат. Алфа стапи во контакт со ретседателката на Халсиншки комитет, Уранија Пировска која во кусиот телефонски разговор изјави дека не билаво земјава и немала интернет конекција, па не видела што се случило. Побаравме став и од нејзиниот тим одговорен за односи за јавност од каде најавија дека подготвуваат став кој ќе го изнесат во јавноста.
Од родовата платформа за еднаквост кој е чадор на 28 невладини организации кои се борат за човекови права, исто така молчат за овој случај. Алфа се обрати и до нив со прашања, но оттаму немаме никаков став. Случувањата ги следи и лидерот на опозицијата Христијан Мискоски кој предупредува дека најмалку што може да направи Ковачевски е да се извини.
„Харвардовецот го покажа вчера на сцена сиот свој простотилук. Но, простотилукот го стекнал во животот и јас нема да го коментирам тој простотилук. Згрозен и шокиран сум од шофинизмот што го покажа на отворена сцена“, рече Христијан Мицкоски, лидерот на опозицијата.
Извинување побара и пратеничката Бети Стаменкоска која среде собраниската сала ги слушна навредливите збориови од Ковачевски.
„Да бевте господин ќе се извиневте за навредата што ја упативте кон мене. Да бевте господин ќе се извиневте, мене не ми личи овде да го прераскажувам вашиот погрд збор што го упативте кон мене, рече пратеничката.
По скандалозните изјави, Ковачевски синоќа се обиде да го релативизира скандалот со дополнување дека тој зборувал само за неговата сопруга за која кажал дека била убава и успешна жена.
„Она што ја вреѓа мојата жена е почитувана госпоѓа пратеничка по наредба на господинот Христијан Мицкоски. Јас ќе ви кажам што кажав од место. Мојата сопруга е убава жена која е многу паметна“, рече Ковачевски.
Секстистичките изјави на политичари и јавни личности станува секојдневие во Македонија. Јавната осуда на ваквите испади е најмалку што можат да направат сите засегнати страни.