Актуелниот градоначалник на Општина Центар којшто трча по уште еден мандат, Горан Герасимовски бара итна седница на ЗЕЛС. Тој информира дека ЈП „Комунална хигиена веќе петти ден не собира ѓубре.
„Ова ги надминува сите граници! ЈП „Комунална хигиена“ пет дена воопшто не се појавува на улиците во Центар за да го подигне сметот од улиците кадешто има надлежност. Утрово испратив допис до Управниот одбор на ЗЕЛС и побарав итна седница на којашто ќе побараме решение на овој проблем.
Погледнете го видеото.