Иако годинава недоволно украсен, многумина граѓани синоќа решија Новата година да ја дочекаат на градскиот плоштад „Македонија“ во Скопје.
И покрај маглата и загадениот воздух, просторот беше забележително исполнет, бидејќи имаше музичка програма.
Точно на полноќ Новата година на сите им ја честита поп-дивата Елена Ристевска.
За дополнителен придонес за новогодишната атмосфера имаше и огномет.