Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ѝ однесе букет свежо цвеќе на досегашната градоначалничка Данела Арсовска.
Двајцата остварија кратка средба во Градското собрание, на која формално беше извршено преземањето на должноста градоначалник на Град Скопје.
„Почитувани сограѓани,
Денес функцијата му ја предадов на новоизбраниот градоначалник на град Скопје, на кој му посакувам, пред сѐ, многу здравје, а потоа чесно и посветено да го води градот како градоначалник на сите граѓани.“
Оваа нејзина порака доаѓа по остриот тон и навредите што претходно ги упатуваше кон Ѓорѓиевски
