Провокации и прекин на снимањето пред камери

Наместо музика и забава, студиото на „Пинкови ѕвезди“ вчера беше исполнето со тензии. Пејачката Јелена Карлеуша и раперот Драгомир Деспиќ Десингерица влегоа во жестока расправија пред камерите, што доведе до прекин на снимањето и изненадување кај публиката.

Судејќи по она што може да се види на објавените видеа, Десингерица постојано ја провоцирал Карлеуша. Тој ѝ приоѓал до столчето, ѝ упаѓал во кадар и ја прекинал додека зборувала. Овие постапки довеле до тоа пејачката да ја изгуби трпеливоста и да нареди прекин на снимањето, што предизвика уште поголема тензија во студиото.

„На женати можеш така“, му возвратила Карлеуша на раперот, не криејќи ја својата лутина.

Таа го предупредила дека нема да дозволи непристојно однесување и му дала до знаење дека секогаш кога ќе ја навредува или провоцира ќе ги сопре камерите.

Жестоката расправија предизвика реакции и коментари на социјалните мрежи, каде снимките за кратко време станаа вирални.

@rumukoli #pinkovezvezde #desinger #foryou #foryoupage #fun ♬ original sound – 𝕊𝕥𝕖𝕗𝕒𝕟 ℙ𝕖𝕣𝕚𝕔