Лидерот на движењето БЕСА, Биљал Касами, во синоќешното гостување на Алсат рече дека доколку власта сака да има уставни измени, прво мора да има договор за одржување на предвремени избори.
„Сметаме дека ако Владата сака да направи уставни измени во овој формат, тогаш мора нешто да понуди, а она што го бара опозицијата, во случајов Движењето БЕСА, се предвремени избори.
Значи, ако оваа Влада сака да направи уставни измени треба да седне со нас, а ние велиме дека се согласуваме дека во овој формат на Влада може да се зборува за уставни измени, но во исто време да се договориме за предвремени избори“, изјави Касами во емисијата „360 степени“.
Тој уште рече дека Движењето БЕСА ќе ги поддржи уставните измени за вклучување на Бугарите во Уставот, но само ако при тоа се отстрани фразата „20 отсто“ од Уставот.